Просечната плата во март поголема за 384 денари од февруари

Bez autora
May 28 2013

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март во Македонија изнесува 21.294 денари. Во споредба со претходниот месец, платата во март била поголема за 384 денари, а во споредба со јануари таа е поголема за 109 денари. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (29,9 отсто), Рударство и вадење на камен (6,1 отсто) и Градежништво (6 отсто). Споредувано на годишно ниво, просечната плата во март пораснала за еден отсто, што се должи, пред се, на зголемувањето на просечната плата во секторите: Транспорт и складирање (6,9%), Дејности на здравствена и социјална заштита (4,1 отсто) и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпадни дејности за санација на околината (3,9 отсто).

Просечната плата во март поголема за 384 денари од февруариПросечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март во Македонија изнесува 21.294 денари, објави во вторникот Државниот завод за статистика.

Во споредба со претходниот месец, платата во март била поголема за 384 денари, а во споредба со јануари таа е поголема за 109 денари.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (29,9 отсто), Рударство и вадење на камен (6,1 отсто) и Градежништво (6 отсто).

Споредувано на годишно ниво, просечната плата во март пораснала за еден отсто, што се должи, пред се, на зголемувањето на просечната плата во секторите: Транспорт и складирање (6,9%), Дејности на здравствена и социјална заштита (4,1 отсто) и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпадни дејности за санација на околината (3,9 отсто).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2013 изнесува 31.185 денари, а  во овој месец плати не примиле 2,6 отсто од вработените во Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik